ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Путин потпиша указ за реципрочни економски санкции против Западот

Според указот, руската влада има десет дена да состави списоци на странски поединци и компании што треба да бидат санкционирани, како и да дефинира дополнителни критериуми за голем број трансакции кои би можеле да бидат предмет на ограничувања

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за економски санкции како одговор на непријателските акции на одредени странски држави и меѓународни организации, соопшти во вторникот Кремљ, јави Ројтерс.

Документот не дава никакви детали за тоа кои поединци или субјекти може да бидат засегнати од мерките, но се предвидува Русија да забрани извоз на производи и суровини на луѓе и субјекти кои ги санкционирала.

Со уредбата, исто така, се забрануваат трансакции со странски поединци и компании погодени од руските реципрочни санкции и им дозволува на руските соработници да не ги исполнуваат обврските кон нив.

Според указот, руската влада има десет дена да состави списоци на странски поединци и компании што треба да бидат санкционирани, како и да дефинира дополнителни критериуми за голем број трансакции кои би можеле да бидат предмет на ограничувања.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.