Путин потпиша: Властите во Русија сега имаат целосна контрола врз интернетот во земјата

SAINT PETERSBURG, RUSSIA - MARCH 16: (RUSSIA OUT) Russian President Vladimir Putin gestures during his meeting with health workers at the Almazov Medical National Research Centre on March 16, 2018 in Saint Petersburg, Russia. The 2018 Russian Presidential Elections will take place on March 18. (Photo by Mikhail Svetlov/Getty Images)
Руските власти ја осигураа правната можност за гасење на интернетот во таа земја, откако со потпис на претседателот Владимир Путин, контроверзниот закон стапи на сила.
Владата има намера да создаде инфраструктура за „суверен“ интернет, нешто што Москва го претстави како неопходен чекор за одбрана против надворешните хакерски напади. Од друга страна, критичарите на Кремљ тоа го гледаат како уште поголема цензура.
– Државата сега првпат има потполна техничка контрола над интернетот – рече рускиот експерт за интернет Александар Исавнин од непрофитната организација против цензура Роскомсвобода.
Тој објаснува дека со новиот закон се менуваат досегашните услови за работење во кои интернет-провајдерите работеле, односно условите на слободен пазар, како и дека сега државата има право да ги контролира кога сака и колку што сака.
Според новиот закон, интернет-сообраќајот во Русија ќе се насочува преку одредени центри во земјата, чија инфраструктура се уште не е изградена, додека од интернет-компаниите кои работат во земјата се очекува да се обезбеди и инсталира опрема за успешна транзиција.
Сето тоа доведе до блокирање на бројни интернет-страници на опозицијата во Русија, поради што илјадници луѓе протестираат против законот за кој претседателот Путин го потпиша во мај.
Портпаролот на Кремљ меѓутоа тврди дека Русија не сака да се исклучи од интернетот, туку се подготвува за можноста Западот да го исклучи интернетот.