ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Путин повика на самит на челниците на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика челниците и на другите земји постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации на постигнување договор за организирање состанок на врвот кој што поскоро би требало да се занимава актуелните жешки глобални проблеми.

Повикот рускиот челник го упати преку написот на англиски јазик објавен во четвртокот по локално време во американското списание за меѓународни односи National Interest во кој ги анализира настаните од Втората светска војна.

Анализата на Путин за последниот глобален судир беше објавена и во руските медиуми а во пресрет на традиционалната парада којашто следната седмица ќе се одржи на московскиот Црвен плоштад со кој ќе се одбележи 75-годишната победа на Советскиот сојуз над нацистичка Германија.

„Денес, токму како и во 1945 година, важно е да се покаже политичка волја и заедно да се разговара за иднината“, пишува рускиот претседател.

Предлага самитот да биде одржан во јануари, а другите четири постојани членки на Советот за безбедност при ОН, САД, Кина, Франција и Велика Британија, во принцип потврдиле дека се согласни со тоа.

Москва се надева дека самитот би можело да се организира кога ќе се намали стравот од коронавирусот и покрај нејзинитет сегашни односи со Западот оптоварени со долга низа отворени прашања од Сирија и Украина до наводното руско мешање во изборните системи на САД и други земји.

Москва најавува дека таквиот состанок на врвот би бил посветен на глобалната економија, безбедноста, контролата на вооружувањето, екстремизмот, кибернетичката безбедност и климатските промени, а Путин најави дека Русија ќе ги претстави своите идеи и иницијативи за сиве овие теми.

„Потпирајќи се на заедничкото историско паметење, можеме и мораме да си веруваме едни на други. Тоа ќе биде цврст темел за успешни преговори и насочено дејствување во полза на осигурувањет… стабилност и безбедност за целата планета“, пишува Путин.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.