ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Путин: Не сум сопственик на луксузна палата, ништо од она од филмот на Навални не е мое

SAINT PETERSBURG, RUSSIA - MARCH 16: (RUSSIA OUT) Russian President Vladimir Putin gestures during his meeting with health workers at the Almazov Medical National Research Centre on March 16, 2018 in Saint Petersburg, Russia. The 2018 Russian Presidential Elections will take place on March 18. (Photo by Mikhail Svetlov/Getty Images)

Рускиот претседател Владимир Путин денес демантираше дека е сопственик на луксузната резиденција за што го обвини притворениот опозиционер Алексеј Навални.

Не сум го видел тој филм, немав време. Ништо од тоа што е во филмот прикажано како мое не ми припаѓа, ниту мене ниту на моите блиски“, кажа Путин во разговор со студенти, зборувајќи за новиот филм на Фондација против корупцијата на Навални, објавен на Јутјуб.

Документарецот во Русија и во светот наиде на голем интерес, а во рок од само два дена видеото било изгледано повеќе од 86 милиони пати, од што 40 милиони во Русија.

Во двочасовниот филм Палата за Путин кој, како што тврди Навални, пред сè зборува за митото, детално е покажан величествениот имот на брегот на Црното Море со површина од речиси 18.000 квадратни метри.

Авторите на филмот тврдат дека околниот простор е речиси 40 пати поголем од Кнежевството Монако и дека објектот наводно чинел 100 милијарди рубљи (околу 1,2 милијарди евра).

Според тврдењата изнесени во филмот, палатата ја финансирале руските државни компании Роснефт и Транснефт, кои и двете ги водат блиски пријатели на Путин – Игор Сечин и Николај Токарјев.

Демантот на рускиот претседател следи два дена по протестите одржани во повеќе од 100 града низ земјата во знак на поддршка на Навални.

Во Москва негово пуштање на слобода бараа над 20.000 луѓе.

Одѕивот на протестите се зголеми по објавувањето на спомнатото видео.

По петмесечниот престој во Германија, каде што се лекуваше и заздравуваше од последиците на наводното труење со нервниот агенс новичок, Навални на 17 јануари се врати во Русија и веднаш беше уапсен поради кршење на условната слобода.

Судот на 2 февруари треба да одлучи дали казната од 3,5 години условен затвор ќе му биде сменета во затворска казна.

Путиновата моќ сè уште изгледа недопирливо бидејќи 68-годишниот претседател редовно бележи над 60 отсто поддршка меѓу народот.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.