ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Путин и Ким ќе се сретнат во Владивосток на 25 април

Извори на РТ велат дека на 25 април Владимир Путин и неговиот севернокорејски колега Ким Џонг-Ун ќе се сретнат во градот Владивосток, на рускиот Далечен Исток. Тоа ќе биде прва средба на двајцата шефови на држави.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, претходно потврди дека состанокот ќе се одржи пред крајот на месецот.

Пред кратко време се појави видео снимено на локацијата каде што ќе се состанат лидерите на Северна Кореја и на Русија, вели РТ. Се гледа голема поворка од автомобили, вклучувајќи и две неидентификувани црни лимузини, кои пристигнуваат кај контролниот пункт.

 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.