Путин за негов двојник: Ме наговараа, но не користам таква „мамка“
Рускиот претседател Владимир Путин признал дека во раните деведесети години постоело идеја за двојник заради негова безбедност, но дека тој ја одбил таа идеја.
„Ја отфрлив таа идеја и не сакав дублер. Тоа беше во најтешкиот период на нашата борба против тероризмот“ рекол Путин во интервју.
Путин се присетил како му предлагале на почетокот на деведесетите да има двојник кој ќе се појавува на настани накој тој би можел да биде доведен во опасност, но идејата била одбиена еднаш засекогаш.
За време на интервјуто е откриено дека потрагата по двојник на Путин била меѓу најпопуларните на светот, а јавноста често изнесуваше слични претпоставки вопоследните 20 години.
Во декември во 2001 година, жена во емисија во живо, претпостави дека двојникот на Путин би можел да биде од корист за време на одржување на многу важни состаноци, дури и на највисоко ниво. Путин тогаш одговори дека не користи такова „мамка“.