Путин: Западот е решен да ја распарчи Русија
Рускиот претседател, Владимир Путин им се обрати на работниците во фабриката за авијација, каде што рече дека во Украина станува збор за „опстанок на руската држава“.Повторувајќи го својот аргумент дека Западот е решен да ја „распарчи Русија“, Путин рече: За нас тоа не е геополитичка задача, туку задача за опстанок на руската државност, создавање услови за идниот развој на земјата и нашите деца.
Путин вели дека светскиот поредок почнал да се распаѓа по распадот на Советскиот Сојуз, кога се чини дека основата за конфликт со Западот исчезнала.
„Се покажа дека геополитичките интереси на нашите партнери, како што реков претходно, им се многу поважни од идеолошките противречности со поранешниот Советски Сојуз“, додаде Путин.
Тој истакна и дека руската економија се покажала посилна од очекуваното по санкциите на Западот наметнати на Москва поради нејзината инвазија на Украина.