Путин држи годишна конференција, акредитирани 1.895 новинари
Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска ќе ја одржи традиционалната годишна конференција на која се акредитирани рекордни 1.895 новинари!
Путин за настанот почнува да се подготвува неколку дена претходно, а според зборовите на портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, рускиот претседател по тој повод разговарал со министрите, вицепремиерите и шефовите на федералните агенции за да ги добие сите потребни информации за социјалната и економска состојба во земјата.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: