ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ПРОЦЕНТОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПАДНА ЗА 1 ОТСТО, А НА НОВОЗАБОЛЕНИ ЗА 9, 9 %

Од 23 до 29 ноември пријавени се 206 смртни случаи од ковид-19 од 25 градови, незначително намалување за 1% во однос на минатата недела, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возраста, 169 лица биле над 60 години, 30 лица на возраст од 50- 59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 4 случаи во возрасната група од 30-39 години.

Министерството за здравство вели дека според неделниот извештај на Институтот, намален е бројот на нови случаи на ковид-19. Тестирани се  18.767 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, 4,6% помалку во однос на минатата недела. Регистрирани се 6.745 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 9,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (2.863; 42,4%), со неделна инциденца – 326/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 35,9%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (1.624, 24,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (1.409; 20,9%), 40-49 (1.258; 18,7%), 50-59 (1.210; 17,9%) и 20-29 (877; 13,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (99; 1,5%) и 10-19 години (61; 3,9%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, оздравени се водат 5.930 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 16,3% повеќе во споредба со минатата недела.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.