ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пронајдени шест тела во урнат хеликоптер на Хаваи

Телата на шест лица се пронајдени во урнат хеликоптер на хавајскиот остров Кауаи, соопштија локалните власти.

„По потрагата за хеликоптерот, кој во четвртокот не се врати од обиколка на островот, пронајдени се посмртниоте остатоци од шест лица, додека за седмиот патник се уште се трага“, наведуваат службените лица, додавајќи дека мала е веројатноста да има преживеани.

Лицата чии тела се пронајдени се уште не се идентификувани, пренесе „АП“.

Потрагата за хеликоптерот во кој се наоѓале пилот и шест патници, членови на две семејства, започна во четврток навечер.

Се верува дека двајца од патниците биле малолетни.

Потрагата започнала откако сопственикот јавил дека хеликоптерот касни, а временските услови биле лоши.

Хеликоптерот бил опремен со електронска опрема, но не е примен никаков сигнал, се вели во соопштението.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.