ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Проклетството на тајната полиција – втор директор на УБК се најде зад решетки

Уште еден поранешен шеф на тајната подлиција по Мијалков, заврши зад решетки. Станува збор за Владимир Атанасовки кој од вчера е во 30 дневен притвор во Шутка. За јавноста непознат., но позадина дејствува како носител на значајни одлуки и ингиренции. За делчевчанецот Атанасовки е познато дека првото работно место го доби во 2008 година во тогашната Управата за спречување перење пари, на 26 години, по завршувањето на Економскиот факултет во Скопје. Во 2010 година е назначен за директор во Управата за финансиско разузнавање. Шест години подоцна седнува во друга директорски фотелја како шеф на тајната полиција во која ќе остане една година. Функцијата ја преземал од Љупчо Андоновски. Тогашната власт препознала квалитет во Атанасовски како финансиски разузнавач, па го предлага за директор на УБК.

И додека јавноста го подзаборави третиот шеф на тајната полиција, рочиштата за Крвавиот четврток повторно го ставија под лупа. Обвнителството отвори нова истрага. Атанасовски се сомничи за„ здружување заради непријателска дејност“. Ова следи по сведочењата на браќата Стефан и Михаил Младеновски и Захарие Симовски, кои го посочија токму Атанасовски дека како директор на УБК го исцениран Крававиот четврток.

Обвинителката Вилма Рускоска по синоќешниот распит побара притвор за Атанасовски, поради опасност од бегство.

„Сигурно има стекнато пријатели, по слични такви служби како во регионот така и поширикпо дека е запретена минимална казна од 4 години и според обвинителството тоа е доволен однов дека истиот може да се даде во бегство.“ – изјави Рускоска.

Адвокатот на Атанасовски пак не им верува на браќата Младеновски. Обвнителството не може да се потпира само на нивен исказ, вели тој.

„Обвинителството треба да понуди конкретни докази и факти врз основа на кои околности тие ја докажуваат намерата за бегство или да се повтори делото.“ – изјави Јордан Апостолски.

За Атанасовски јавноста се сеќава кога не го пушташе СЈО за да ги земе броевите со судски налог од УБК. Атанасовски е втор шеф на тајната полиција по Мијалков кој е под истрага. Ова ги отвора дилемите какви кадровски решенија се нудат за една од најпрестижните полициски функции.

„Ова е срам за институцијата Управа за безбедност, не од аспект на денешниот начин на раководење  и практицирање, ова е срам којшто таа управа го нанесе за 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ.“ – изјави Никола Дујовски, декан на факултетот за безбедност.

Атанасовски и Мијалков добија триесетдневен притвор во затворот во Шутка. Денеска кривичниот совет ја одби жалбата на Мијалков за случајот Империја кога во саботата му беше одрдеден притвор и за овој случај.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.