ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Продолжија состаноците за предлогот една изборна единица

ВМРО-ДПМНЕ има намера да организира одвоени средби со сите парламентарни партии, притоа барајќи предложените измени на Изборниот законик за моделот со една изборна единица да бидат ставени на дневен ред за расправа во Собрание. Пратеничката група на опозициската партија се сретна со Движењето Беса, додека утре ќе се сретне и со претставници на Алијанса за Албанците.

Беса е за намалување на изборните единици, но сака да има три единици. Според нив, треба да се направи спојување на првата и втората, третата и четвртата и петтата и шестата единица.

Не се знае дали СДСМ и ДУИ ќе прифатат средби со ВМРО-ДПМНЕ за поддршка за понатамошна обработка во Собранието на предлогот за една изборна единица. Засега СДСМ вели дека го поддржува моделот на една единица, додека ДУИ повеќе го поддржува актуелниот изборен модел. Сите партии се согласни дека Изборниот законик треба да се измени со консензус.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.