ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пристигна првата пратка вакцини од Србија: Заев и Вучиќ го потврдија доборсоседството

Денеска во земјава пристигна првата пратка вакцини од Република Србија…

Примопредавањето се изврши на граничниот премин Табановце, во присуство на делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин е премиерот Зоран Заев.

Премиерот Заев пред присутните рече дека како израз на драгоцен чин на пријателство Србија споделува 4680 вакцини , како израз на пријателска и соседска подадена рака , додека стигнат вакцините што ние ги нарачавме. Како никогаш досега пандемијата покажа дека сме поврзани со најдобрите вредности. Нашата денешна средба е резултат токму на пријателството и резултат на разбирањето во кое се најдовме, првата рака на помош да се подаде кон соседот. Србите во Македонија и Македонците во Србија се алката на поврзување на двете земји.

Вакцините од Србија ќе влезат во Националниот оперативен план , што постојано ќе се ажурира.Утврдени се приоритетните групи како и онлајн пријавувањето. На српскиот народ, на претседателот Вучиќ и на премиерката Брнабиќ им се заблагодарувам, рече Заев.

Претседателот Александар Вучиќ рече дека е среќен што можевме ова да го направиме , но имавме проблеми со дозволи за извоз , зашто се строги процедури , но благодарејќи од луѓето од Фајзер успеавме да ги поминеме овие неверојатно сложени процедури за да не се соочиме со санкции. Србија нема други интереси освен да покаже пријателство кон макеоднскиот народ и државата. Ова е најобичен подарок , за кој сме сигурни дека и вие би ни го дале. Вистинскиот пријател е оној , кој ви помага кога ви е тешко. Се надевам дека вакцините ќе им се најдат на докторите од првите редови. До денеска во Србија дадовме 846 000 дози на вакцините и луѓето кои учествуваат во вкцинацијата ќе добијат 10.000 динари поддршка. Им благодарам на братскиот македонски народ , рече Вучиќ.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека вакцинацијата ќе почне во среда , а први ќе бидат здравствените работници.

Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне пред неколку дена но беше одложено поради технички причини, поради усогласување на техничка документација.

Станува збор за 8000 вакцини од „Фајзер” кои ни ги отстапува Србија, а кои неколку недели чекаа на одобрение од производителот во земјава.

Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.

Интерес за вакцинирање преку онлај апликацијата до вчера имаа иразено над 40000 граѓани.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.