ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пристигнаа првите 24.000 дози вакцини од Ковакс механизмот, вакцинацијата почнува в среда

Произведени во Јужна Кореја, преку Истанбул, со комерцијален лет утринава во Скопје пристигнаа првите 24.000 вакцини Астра Зенека  преку Ковакс механизмот. Дозите беа спакувани во 2 пакети.  Имунизацијата ќе почне в среда, а ќе се спроведува во пунктовите за вакцинација во Здравствените домови ширум државата.

– Со овие вакцини први ќе се вакцинираат 20.000  лица над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција на вакцините во вакциналните пунктови во здравстевните домови. Вакцината ќе се чува најпрвин во нашите фрижидери во Скопје, кога ќе се спроведе дистрибуцијата ќе биде во  фрижидерите кои веќе постојат  во вакциналните пункотови во здравствените домови  поради тоа што ова вакцина  што се чува на температура од 2 до 8 степени, што значи  буквално секој град може да се чува и да се дава понатаму, изјави министерот за здарвство Венко Филипче.

Вакцините на меѓународниот аеродром Скопје заедно со Филипче ги пречекаа повеќе амбасадори во земјава и претставници на организации на ОН кои стојат зад Ковакс механизмот. Дипломатите порачаа дека сите земји во светот треба да имаат пристап до вакцините против Ковид-19 за да се стави крај на пандемијата.

-Брзото ширење на Ковид-19 ни покажа дека ниту една нација не може да делува сама кога станува збор за глобалните предизвици. Ќе се соочиме и ќе ја пребродиме оваа пандемија доколку делуваме заедно како партнери, изјави амбасадорката на САД Кејт Брнз.

-Вакцините се рефлексија на солидарост во борба против вирусот., рече Џихан Тавила, претставничка на СЗО во земјава

-Ова одлична вест и на политички план, бидејќи истата е конкретен одраз на меѓународната солидарност, како и на европската солидарност. Сите сме засеганти од оваа пандемија и истата ќе ја победиме само доколку сме обединети и солидарни, порача Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција во земјава.

-Вакцините спасуваат живот и ја намалуваат хоспитализацијата и оти уште вакцини се потребни, но никој од нас не е безбеден се додека сите не сме безбедни, додаде Рејчел Галовеј, амбасадор на Велика Британија во земјава.

– Го правиме тоа, бидејќи ние сме дури тогаш кога сите други се безбедни. Во битката за распределба секој против секого, изјави Анке Холштајн, амбасадор на Германија во Македонија.

Македонија преку Ковакс механизмот очекува 800.000 вакцини. Иако имаше најава дека во првата пратка земјава ќе добие околу 100.000, но стигнаа 24.000 дози. Следната испорака со 76.000 исто од Астра Зенека е најавена за средината на април.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.