Принцот на Јордан објави две видеа, тврди дека го затвориле во домашен притвор
Јорданскиот принц Хамза преку видео испратено до светските медиуми, објави дека командантот на јорданските вооружени сили му рекол да не ја напушта куќата и да не комуницира со луѓе, неколку часа откако војската тврдела дека не е во домашен притвoр.
Врховниот командант Јусеф Ахмед ал-Хунаити негира дека поранешниот престолонаследник и полубрат на кралот Абдула бил приведени или е во домашен притвор. Но, принцот Хамза објави две видеа, кратко потоа, што се косат со изјавата на армијата.
„Ме посети утрово командантот на Генералштабот на јорданската армија, кој ме извести дека не смеам да излегувам, да комуницирам со луѓе затоа што имаше критики кон кралот на состаноците на кои присуствував или на социјалните мрежи “, рече Хамза на англиски јазик во видеото објавено од Би-Би-Си.
Хамза рече дека тој не е обвинет лично за изговарање критики кон кралот Абдула Втори. Тој исто така рече дека му е одземено обезбедувањето и дека му се прекинати телефонските и интернет врските.
„Овој сателитски интернет е мојот единствен начин да комуницирам“, рече тој, додавајќи дека компанијата му соопштила дека ќе биде прекинат.
„Јас не сум одговорен за неуспесите во управувањето, за корупцијата и за неспособноста што владееше во нашите управувачки структури во последнит
Хамза (41) бил престолонаследник од 1999 до 2004 година, но потоа кралот Абдула го отстрани и го постави неговиот син за престолонаследник. Хамза потоа во писмото објавено од државните медиуми напиша дека верно ќе го поддржи Абдула.
Според „Вашингтон пост“, Хамза е во домашен притвор во рамки на истрагата за планирањет пуч. Ал-Хунаити го негира ова, но рече дека на принцот Хамза му било речено да се воздржува од активности што можат да ја нарушат стабилноста на кралството.
„По сеопфатната истрага од безбедносните служби, на Хамзи му беше кажано да ги прекине активностите и потезите насочени кон безбедноста и стабилноста на Јордан“, се вели во соопштението на ал-Хунаити.
„Истрагите се уште траат и резултатите ќе бидат објавени во целосна транспарентност“, се додава во военото соопштение.
Овие истраги резултираа со апсења на неколку истакнати личности, вклучувајќи, според непотврдени вести, шефот на канцеларијата на Хамза, Јасер Маџали. Внуката на Мајали, Басма, на Твитер напишала дека нивниот дом бил претресен. Во изјавата на Ал-Хунаити се вели само дека биле уапсени Басем Ибрахим Авадалах, поранешен претседател на Кралскиот хашемитски двор и поранешен министер за финансии и Хасан бин Заид, член на кралското семејство.
Земјите од регионот, Саудиска Арабија, Бахреин, Кувајт, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Либан, Ирак, Катар, Јемен, како и Советот за соработка во Заливот и Арапската лига, изразија поддршка за кралот Абдула. Соединетите држави соопштија дека го следат развојот на настаните и дека кралот Абдула е „клучен сојузник на САД кој ужива целосна поддршка“.
е 15 до 20 години“, додаде принцот.
Второто видео во кое тој зборува на арапски јазик го објави Ал Џезира. Претходно имало гласини за поделби во јорданското кралско семејство, но ваквите јавни расколи се ретки.