ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Примени првите пациенти во монтажната болница, кога ќе се наполни сѐ, воведуваме полициски час, најавува Филипче

Денеска се примени првите пациенти заразени со Ковид-19 во модуларната болница до Инфективната клиника, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче во вестите на Канал 5. Порача дека кога ќе се наполнат и резервните капацитети ќе се предложи полициски час.-Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се преполнија некои болници. Нема слободни болнички кревети во повеќе инфективни одделенија во државата, во болницата во Куманово, Штип, Струмица. Почна да се полни одделението во Кавадарци и во Гостивар. Во Прилеп и Битола менаџираме помеѓу двата центри. Во Охрид добро се менаџира бројот на хоспитализации и тука имаме слободни болнички кревети. Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника. Болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако ние оцениме дека овие капацитети кои се димензионирани да бидат резерва се исполнуваат тогаш дефинитивно ќе препорачаме целосна рестрикција во движењето, односно полициски час, рече Филипче.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.