Привремениот македонски амбасадор повикан на разговор во бугарското МНР поради „говор на омраза против граѓани на Бугарија“
Состанокот е на барање на министерката Захариева која е во изолација поради ковид
Во соопштението од бугарското МНР се вели дека Бугарија исто така изразила длабоко разочарување од големата негативна кампања во Република Северна Македонија против претставникот на „Евровизија 2021“
Привремениот шеф на нашата амбасада во Софија, Владимир Крстевски, денеска е повикан во бугарското Министерството за надворешни работи на средба со со в.д. директорот на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Ива Крулева.
Како што се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Бугарија, тој е повикан по барање на вицепремиерката и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која е во изолаија поради ковид, а причината се „честите манифестации на говор на омраза и дискриминација во Република Северна Македонија од страна на службени лица против граѓани на земјата, оние што имаат бугарски идентитет, па дури и против оние што имаат симпатии кон Бугарија и нејзиниот народ“.
„Бугарија исто така изрази длабоко разочарување од големата негативна кампања во Република Северна Македонија против претставникот на Скопје на музичкото натпреварување ‘Евровизија 2021’. Освен денешната средба, бугарската страна информираше за споменатите случаи претставници на меѓународни и регионални организации, амбасади на земји-членки на ЕУ и други партнери“,
Оттаму додаваат дека Бугарија ќе продолжи да вложува напори во согласност со принципите на меѓународното право за да ги заштити правата на своите граѓани и граѓаните што имаат бугарски идентитет, каде и да е во светот