ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Приведени 147 лица во голема предновогодишна акција во Турција , уапсени и странци

Во операција во пресрет на новогодишната ноќ, турските власти уапсија 147 лица, меѓу кои и десетици странци осомничени за припадност во  Исламската држава, објави денеска државната новинска агенција „Анадолија“

Десетици Ирачани, Сиријци и еден Мароканец се меѓу уапсените во последниве денови во апсења низ 9 турски провинции, вклучувајќи ги и провинциите Истанбул, Анкара и Бурса, јави агенцијата.

Во нивните домови биле пронајдени оружје, муниција и ИТ опрема, додаде агенцијата.

Во Истанбул, каде беа приведени 20 осомничени минатата недела, денеска антитерористичката полиција уапси уште 24 лица, меѓу кои и 4 странци.

Во Бетмен, југоисточна Турција, биле мобилизирани 400 полицајци за истовремени операции по што во саботата биле уапсени 22 лица.

Во 2015 година, Турција се приклучи кон меѓународната борба против џихадистичката организација.

Ноќта пред Нова Година 2017 година, 39 лица, меѓу кои и многу странски туристи, загинаа во напад на дискотека во Истанбул.

По нападот, турските власти ги зачестија апсењата на осомничени радикални групи пред празниците, особено на крајот на годината.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.