ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Приватните болници не прифаќаат да работат под економска исплатливост

Државата нема правен механизам да им наложи на приватните болници да ги намалат цените за лекување на Ковид пациенти. Филипче добил ветување само од една приватна здравствена установа дека ќе извршат мамалување на цените за 10 проценти.

-Иако апелирав тоа да се направи заради тоа што е криза и пандемија, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од Систина јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат заради тоа што немале економска логика, изјави Венко Филипче, министер за здравство. 

Иако според пресметките со по 2.500 имунизирани граѓани дневно во салата Борис Трајковски, околу 20.000–те вработени во критичната инфраструктура ќе бидат извакцинирани следните 5 дена, а наредната пратка, најверојатно од кинески Синофарм е најавена за после 15-ти април, министерот уверува дека во најголемиот пункт нема да има застој во вакцинацијата против Ковид.

-Нема да има застој во вакцинацијата, рече Филипче.

Околу 20 проценти од граѓаните кои добиле термин за вакцина не се појавиле на пунктовите. Филипче вели дека следна шанса ќе добијат кога во земјава ќе стигне поголема количина вакцини. 

Освен во пунктовите теренска вакцинација се спроведува и во старски домови и геронтолошките установи.

За граѓаните кои беа вакцинирани во Србија, Министерството за здравство сеуште ги чека списоците од тамошните здравствени власти за да може овие лица да се ревакцинираат со Астра Зенека во земјава бидејќи во меѓувреме ќе стигнала следната пратка преку Ковакс.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.