Претседателски избори во Хрватска следниот месец
Првиот круг од претседателските избори во Хрватската е закажан за 22 декември, додека вториот круг треба да се одржи на 5 јануари следната година.
Во трката за претседател ќе учествуваат актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, кандидатка на владејачката централно-десничарска Хрватска демократска унија (ХДЗ), потоа кандидатот на социјалдемократите и поранешен премиер Зоран Милановиќ и доколку соберат потписи и уште двајца независни кандидати, кои исто така, имаат силна поддршка на анкетите за изборите.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Грабар-Китаровиќ е фаворит за победа во првиот круг, се предвидува дека таа ќе освои околу 29 проценти, додека Милановиќ е втор со 24 проценти.
Независните кандидати во следните 10 дена треба да соберат 10 илјади потписи за да може да се кандидираат.