ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Претседателот Пендаровски ја прими европратеничката Гарсија Перез

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими европратеничката и лидерка на Прогресивната алијанса на социјалдемократи во Европскиот Парламент, Ираче Гарсија Перез.

На средбата беа разменети мислења за текот на евроинтеграциите на Северна Македонија, скрининг процесот и прилагодување на македонското со европското законодавство. Во таа насока, беше разговарано за темпото на реформските процеси и актуелната политичка состојба во државата.

Соговорниците разменија мислења и за најновите безбедносни и економски околности во Европа, за случувањата во Унијата, како и за приоритетите и целите на Прогресивната алијанса за кои се залагаат во Европскиот Парламент.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната поддршка од европските социјалемократи за интеграцијата на Северна Македонија, потврдена и во резолуциите на Европскиот Парламент, додавајќи дека парламентарната соработка е исклучително важна и неопходна во процесот на пристапување на Северна Македонија во Унијата. 

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.