ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Претседателот на Кина Си Џинпинг денес и утре во посета на Србија

epa05967389 Serbian Prime Minister Aleksandar Vucic (L) shakes hands with Chinese President Xi Jinping (R) as they meet at the Great Hall of the People in Beijing, China, 16 May 2017. EPA/DAMIR SAGOLJ / POOL

Претседателот на Кина Си Џинпинг денес ја почнува дводневната официјална посета на Србија, на покана на претседателот на таа држава Александар Вучиќ, со кого ќе разговара за унапредување на билатералните односи и соработката.Си доаѓа во Белград на 25-годишнината од бомбардирањето на зградата на кинеската амбасада од страна на НАТО, во рамки на првата посета на Европа во последните пет години, за време на која престојува во уште две земји, Франција и Унгарија.

Се очекува Си и Вучиќ да разговараат за широк спектар теми, од политички, економски и технолошки, до соработката во областа на културата.

Портпаролот на министерството за надворешни работи на Кина Ли Џијан кажа минатата недела дека Си за време на посетата на Белград „детално ќе размени мислења со претседателот Вучиќ за односите на Кина и Србија и меѓународните и регионалните прашања од заеднички интерес“ и дека ќе се „зацрта курсот“ на идниот развој на билатералните односи.

Се очекува Си во Белград да отвори Кинески културен центар, изграден на местото на бомбардираната амбасада на Кина, во која на 7 мај 1999 беа убиени тројца кинески новинари.

Кинескиот претседател доаѓа во Белград околу шест месеци по посетата на Вучиќ на Пекинг, за време на која функционери на Кина и Србија, на меѓународниот форум Појас и пат, го потпишаа договорот за слободна трговија во присуство на двајцата лидери. Договорот за слободна трговија на Србија и Кина треба да стапи на сила во јули.

Пред втората официјална посета на Си на Србија за осум години, Вучиќ изјави дека Кина е „најдобриот партнер“ на Белград во остварувањето на државните цели, кажувајќи за кинескиот претседател дека е „најмоќниот човек во светот“.

„Пресреќен сум што претседателот Си доаѓа во Србија. Голема чест е за Србија и голема шанса за нас. Во следните пет години речиси сите производи слободно ќе се извезуваат во Кина. Тоа за нас се големи нешта. Ќе го замолам претседателот Си две или три нешта, да видиме дали можеме повторно да отвориме фабрики за локомотиви и возови, некоја кинеска компанија да инвестира во Србија“, кажа Вучиќ.

Американската агенција Асошиејтед прес пишува дека Си поголемиот дел од петдневната европска турнеја „ќе го помине во две мали земји со автократски лидери кои се сметаат за пријателски кон Кина и блиски до рускиот претседател Владимир Путин, во регионот кој Пекинг го користи за економско ширење во Европа“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Можеби сте пропуштиле

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.