ПРЕПОРАКА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО НОСЕЊЕ МАСКИ, НО НЕ СЕКАДЕ
Да се укине носењето на маски во затворени простории, препорача Комисијата за заразни болести. Оваа препорака не важи само за здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз и такси возилата, каде заштитните маски ќе останат задолжителни.
На сите останати затворени места и објекти граѓаните нема да мора да носат маски, освен ако тоа не е нивна желба. Претседателот на комисијата, Александар Петличковски, изјави дека маските се препорачуваат да ги носат возрасните и оние со хронични болести.
Наставниците и кадарот во училиштата ќе носат маски иако за учениците оваа обврска беше укината. Средношколците се уште чекаат одлуката да важи и за нив. Комисијата на денешната седница одлучила да препорача и укинување на епидемиолошкото следењето на контактите од потврдени случаи и изолацијата од контакти. Останува изолацијата за заразените.
Мерките ќе бидат предложени до Главниот кризен штаб, по што треба да бидат усвоени на Влада.