ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Премиерот се уште е за една изборна единица

Премиерот Заев останува на ставот дека поддржува една изборна единица. Тврди дека има и бадентерово мнозинство, како и тоа дека измените во изборниот законик можат да се направат и без ВМРО ДПМНЕ, кои бараат мнозински модел, а и без ДУИ кои сметат дека сегашниот изборен модел од шест изборни единици е добар. Сепак, Заев вели дека најдобро би било за измените да има консензус, бидејќи, иако губат големите партии, ќе се острани можноста за какво било авторитарно однесување во иднина.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.