Премиерот Рама го оствари своето право на глас, а сите повторно гледаа во неговите нозе: Дали ова е најчудното издание досега?
Веќе навикнавме да го гледаме во необични изданија кои многумина ги коментираат позитивно или негативно.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, не многу често се појавува на јавните и официјални случувања во патики, за што многупати досега се пишуваше.
Тој сега отиде чекор понапред – на гласањето отишол по кратки панталони.
Во друштво на својата сопруга, го остварил правото на својот глас, а вниманието го привлекоа неговите кратки панталони, какви што досега никој од државните функционери не носел во јавноста.
Некои сметаат дека е симпатично тоа што Рама “има свој стил“, други сметаат дека тоа не е примерно за премиер на една држава.
Што мислите вие за овој стајлинг на премиерот?