ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Премиерот и тројца министри одат во домашна изолација

Премиерот и уште тројца министри одат во домашна изолација по вчерашниот состанок со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски чиј тест денеска беше позитивен на Ковид 19. Покрај Спасовски во домашна изолација оди и Филипче заедно со вицепремиерот Османи и минситерот за образование Адеми

„На состанокот во Куманово сите функционери во Владата ги почитуваа протоколите за заштита и носеа заштитна опрема.
Во овој момент се прават епидемиолошки проценки во Куманово од страна на локалниот Центар за јавно здравје и се анализираат контактите на градоначалникот Димитриевски. Во текот на денот ќе се утврди колку и кои лица ќе треба да останат во 14-дневна изолација. Во Скопје започнаа анкетите од Институтот за јавно здравје со сите членови во Владата кои беа присутни на состанокот, по што ќе биде дадена епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување.“ – стои во соопштението од Владата.

Се уште нема информација дали и функционерите како и обичните граѓани ќе останат во изолација 14 дена.
Филипче на социјалните мрежи напиша дека таа одлука ќе ја донесат епидемиолозите.

„Ги очекувам епидемиолозите од Институтот за јавно здравје кои освен со мене, ќе направат епидемиолошки анкети и со сите други функционери во Владата кои вчера беа присутни на состанокот. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување останувам во изолација.“ – напиша Филипче на Фејсбук

Османи пак вели ќе останел во изолација до вторник кога ќе се тестира.

„По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите“ – вели Османи

Изолација најави и министерот за образование.

„Од денешната позитивна потврда за COVID-19 на градоначалникот на општина Куманово, иако како и сите присутни на состанокот бев со лична заштитна маска и ракавици за кои епидимиолозите сметаат дека е доволна заштита, останувам во изолација и ќе постапам согласно протоколите за постапување во вакви ситуации. “ – напиша Адеми.

Покрај четворицата членови на Владата, на состанокот на кризниот штаб во Куманово присуствуваше и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски но се уште нема информација дали и тој ќе биде во изолација.

Инаку претходно, токму по насоки добиени од епидемиолозите во 14 дневна изолација заминаа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и покрај тоа што имаа негативни тестови по интервјуто со новинар позитивен на Ковид 19.

Високи владини извори за Сител не кријат дека се изненадени од информацијата дека Димитриевски е позитивен на корона. Тие велат дека на вчерашниот состанок воопшто и немале информација дека кумановскиот градоначалник чека резултати од тестирање и дека е можно да е заразен со вирусот.

Инаку Куманово е едно од главните жаришта на пандемијата. Кумановскиот градоначалник веќе две недели бара целосен карантин и прогласување на кризна состојба во градот но од Владата до овој момент не е донесена таква одлука.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.