ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Премиерот Заев денеска на средба со шпанскиот мандатар Санчез

На вториот ден од Самитот на НАТО во Лондон, Македонија е на масата со редовните членки и ќе може да дебатира за темите кои ќе се разговараат, ќе расправа како членка на НАТО, со една разлика, нема да има право на глас.

„Со учеството на состанокот на лидерите на земјите членки, нашата земја се претставува на највисоко ниво во работата на телата на Алијансата, и ја потврдува определбата за целосно споделување на принципите за заедничка безбедност и за градење силни трансатлантски односи со најмоќната воена и политичка алијанса заснована на демократски вредности, како основа за заеднички просперитет и за напредок на земјите членки“, се вели во денешното сооптение од Владата.

Освен што премиерот денеска е дел од состанокот на НАТО лидерите, тој  потврди дека во текот на денот ќе се сретне со мандатарот на новата шпанска владина коалиција.

Кралството Шпанија е единствената земја членка на НАТО која поради политичка криза и неможност да формира стабилна влада досега не го ратификувала македонското членство во Алијансата.

Сега по последните избори, во Мадрид е конституиран парламентот и Заев очекува добри вести од Санчез иако не очекува информација за конкретен датум кога Македонија ќе го добие последното “Да” за столче и рамноправност во НАТО.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.