Предновогодишно поевтинување: Од полноќ значително поевтини горива
Значително поевтинување на бензините и дизелот се очекува да донесе денешната седница на Регулаторната комисија за енергетика.
Податоците кои доаѓаат од берзата во Лондон покажуваат дека за 2 недели, колку што трае пресметковниот период, суровата нафта поевтинила за повеќе од 5 долари по барел .
За возачите во Македонија тоа значи дека предновогодишно, може да се очекува малопродажните цени на нафтените деривати да се намалат за повеќе од 3 денари за еден литар.
Одлуката на регулаторот се очекува денеска околу пладне, а новите цени ќе почнат да важат од полноќ
Ве молиме следете не и стискајте лајк: