ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Предлогот на Чулев за началник на СВР-Скопје без потпис на Петровска

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека се назначени 12 началници и нивни дополнителни заменици.

МВР го објави соопштението по состанокот на кој присустуваа министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска, заменикот министер за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.

Сепак усогласенот за кандидатите за раководители и нивни дополнителни заменици Чулев и Петровска имале за сите имиња, освен за едно, а тоа е предлогот на Чулев за началникот на Секторот за внатрешни работи – Скопје, Ристо Ставревски.

Но неговото име како назначен на оваа позиција сепак фигурира во соопштението на МВР, но само со еден потпис.

Дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска во изјава за МИА вели дека таа не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје. Таа објаснува дека ставила потпис за дополнителниот заменик-началник на СВР – Скопје Тони Јакимовски, а дека во соопштението на МВР Ставревски е споменат како назначен, но назначувањето е без нејзиниот потпис.

Таа вели дека се одлучила на овој чекор бидејќи за Ставревски имало аудио снимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи.

Петровска наглсува дека согласно законот потребни се два потписа, бидејќи тоа е предвидено за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.