ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Предизборната кампања во Хрватска ќе трае 15 дена

Zagreb, 22.5.2012 - Arhivska fotografija od 23.12.2011. godine prikazuje zastupnike tijekom izvanredne sjednice Hrvatskog sabora. Hrvatski sabor sutra zasjedanje nastavlja raspravom o prijedlogu Odluke o izmjenama i dopunama saborskog Poslovnika, kojim parlamentarna veæina predlaže ukidanje instituta ispravka netoènog navoda te proširenje instituta replike. foto FaH/ Damir SENÈAR/ ua

Согласно денешната одлука на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, која стапува во сила на 2 јуни, парламентарните избори во таа земја ќе се одржат на 5 јули, неколку месеци пред редовниот рок, така што политичките партии ќе имаат 15 дена да ги презентираат своите програми.

Ден по влегувањето во сила на одлуката на Милановиќ, на 3 јуни почнуваат да течат изборните рокови.

Политичките партии, независните листи и кандидати треба да ги достават своите избирачки листи на Државната изборна комисија до полноќ на 16 јуни. Потоа, ДИК има 48 часа, до полноќ, на 18 јуни, да објави збирна листа со валидни кандидатури, по што ќе следува официјалната изборна кампања.

Хина појаснува дека доколку се чека крајниот рок, изборната кампања ќе почне во петок, 19 јуни и ќе трае до полноќ, 3 јули, кога ќе започне дводневниот изборен молк.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.