ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Предвремени избори на 12-ти април 2020

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12-ти април, соопшти премиерот Заев по завршувањето на средбата со политичките лидери кај претседателот Пендаровски. Со ова техничката влада ќе се формира на 3-ти јануари 2020-та. Токму таа била првата пречка за неприфаќање на првиот предлог кој на маса го ставил премиерот Заев, а тоа било изборите да се одржат на 22 или 29-ти декември. Најмногу реагирал лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски потенцирајќи дека во таков случај нема да се запази Пржинскиот модел за техничка влада. Во игра биле и неколку други датуми, но 12-ти април бил најприфатлив.

Заев на лидерската средба го потврдил партискиот став дека за СДСМ е прифатливо да се оди со една изборна единица или отворени листи. За технички премиер не се договориле, ќе разговараат во коалицијата.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по денешната лидерска средба порача дека со останатите шефови на партиите се разговарало на најдобар можен начин, без загрозување на европскиот пат.

„Имавме плодна и квалитетна дебата“ рече лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, кој рече дека одлуката на ЕУ лидерите да не и доделат датум на Македонија за почеток на преговори, е поразен арамилукот и криминалот во земјата, и поради тоа следуваат предвремени избори. На новинарско прашање дали се израдувал што Македонија не добила датум за почеток на преговори со ЕУ, коменатр кој го дала вицепремиерката Радмила Шеќеринска, Мицкоски рече тој ги отфрла таквите цинизми и дополнително е мотивиран да продолжи со политиките на ВМРО ДПМНЕ. За неговата партија важен бил датумот за избори, а за тоа кои луѓе ќе бидат предложени за новите позиции во техничката влада допрва ќе одлучуваат.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.