Предвремените избори во Косово од кои не се очекува премногу
Косово денеска одржува предвремени парламентарни избори на кои според анкетите ниту една од партиите нема изразена предност. Изборите беа распишани по оставката на премиерот Рамуш Харадинај откако беше повикан на сослушување од новоформираниот суд во Хаг кој истражува воени злосторства извршени врз Србите во текот на војната но и по нејзиното завршување.
Од 120 члениот косовски парламент Србите имаат 10 загарантирани места, додека 10 имаат останатите малцинства. Затоа што нема јасен фаворит, 10 српски пратеници ќе играат важна улога во формирањето на новата влада.
Овие избори се одлучувачки за иднината на српскиот народ на територијата на Косово и Метохија и затоа е потребно што по масовно и во поголем број да излеземе на овие избори и да им покажеме на сите кои се закануваат и уценуваат дека ништо нема да не заплаши и ништо нема да не обесхрабри да останеме и опстанеме на овие простори,
вели лидерот на Српска листа Горан Ракиќ
Централно прашање во кампањата беше продолжувањето на дијалогот со Белград за нормализирање на односите, со помал фокус врз реалните проблеми на земјата. Невработеноста изнесува високи 25 проценти а корупцијата и организираниот криминал се широко распространети.
Тоа е процес, постигнавме многу но уште многу останува пред нас. Затоа денеска е многу важен ден за нас,
вели премиерот Харадинај.
Право на глас, според Централната изборна комисија, имаат малку повеќе од 1,9 милиони лица, од кои голем дел се иселеници кои гласаа преку пошта. За следење на изборната кампања и на процесот на гласање се акредитирани околу 33 илјади набљудувачи.