ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Преговорите за изборните реформи во БиХ завршија без договор

Тридневните разговори меѓу претставниците на хрватските и бошњачките партии од Босна и Херцеговина со посредство на меѓународни претставници во Неум, завршија без конечен договор на со приближени позиции. Разговорите кои беа со посредство на претставниците на ЕУ и САД, Анџелина Ајхорст и Метју Палмер имаа за цел да се постигне договор за измените на изборниот закон. „Постигнат е напредок. Тоа ветува и што е најважно, разговорите продолжуваат. Има малку време да се реши проблемот, но се надевам дека ќе се постигне договор“, рече директорот за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи ЕЕАС Анџелина Ајхорст.

Таа додаде дека разговарале за конкретни модели на избор за Претседателството на БиХ, но и за техничкиот аспект на изборите. Најспорни прашања во преговорите се изборот на членови на Претседателството на БиХ и изборот во домовите на народот, на кои со години се спротивставуваат позициите на хрватската и бошњачката партија. Рокот за измени на изборното законодавство е мај 2022 година, кога се очекуваат општите избори во БиХ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.