ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Превентивните мерки во Тетово и Гостивар се почитуваа во џамиите, но не и надвор од нив

Секој верник на влезот од Шарената џамија во Тетово беше дезинфициран, додека советот на џамијата се грижеше да им даде маски на оние кои не носеа со себе. Внатре за време на молитвата која траеше 15 минути се почитуваа мерките. Но, во дворот од џамијата ситуацијата беше поинаква. Никој бе одржуваше растојание, а некои и не носеа ни маски.

„Имавме можност… оние кои немаа маски можеа да земат тука во џамијата за да биде како што треба. Кај нас е традиција некои да одат кај гробиштата, но апелиравме да не одат оваа година, исто така и за посетите по семејствата, треба да бидат внимателни и да ги почитуваат правилата, сите треба да ги почитуваме правилата, да држиме растојание за да се заштитиме.“

Ситуацијата беше слична и во џамиите во Гостивар. Внатре се почитуваше растојанието и носењето маски, но не и во дворовите. Бајрамската молитва не се одржа во џамиите во тетовските села Порој и Глоѓи.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.