ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пратенички прашања – жестока дебата за договорот со Бехтел и Енка

Жестока дискусија на седницата за пратенички прањаша во Собранието, каде главна тема е договорот што Владата го потпиша со конзорциумот „Бехтел и Енка“, за изградба на коридорите 8 и 10д.

Опозицијата смета дека изградбата на коридорите според договорот е многу скапа, но се сомнева и во корупција и криминал. Според власта, пак, изградбата на коридорите 8 и 10д е стратешки интерес за државата, со кој земјата ќе се поврзе со соседните земји.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски денеска го праша премиерот Димитар Ковачевски какви ќе бидат последиците од договорот по државата доколку измените на Законот за експропријација не се донесат во предложената форма во Собранието, со кои како што рече, по експропријацијата одземениот имот веднаш се доделува во владение на компанијата.

Ковачевски одговори дека вакви одредби имало и во сегашното законско решение. Тој реле дека немало ништо тајно во договорите, бидејќи процесот траел две години. Во однос на транспарентноста, Ковачевски рече дека документот поседува клаузули на доверливост и приватност, како и секој друг потпишан со ЕБОР и со други изведувачи, а се однесува на технолошките процеси.

„Сите клучни точки и елементи се достапни на јавноста и никогаш не биле тајна – вредноста на Договорот, начинот на реализација на проектот и трошењето на парите на граѓаните“, рече Ковачевски.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.