ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пратениците ќе расправаат за СЈО од понеделник

Собраниската дебата за новиот Закон за обвинителство почнува најрано в понеделник, а може да заврши до крајот на август. Меѓу овие два  процедурални термини стои едно големо “ако“: ако партиите ги усогласат своите ставови. И американската амбасадорка Кејт Мери Брнс на првата средба со спикерот Талат Џафери го поставила истото прашање: може ли законот да биде донесен до 15-ти септември, кога истекува мандатот на СЈО.

Доколку има потреба, може да се свика итна седница и за време на колективниот годишен одмор од први до 31 август. Вака спикерот Џафери одговара на шпекулациите дека во аферата „Рекет“ се инволвирани и пратеници и дека при евентуално проширување на истрагата може да се побара притвор за нив. „Процедурално, целата постапка на одземање имунитет трае пет дена“, објаснува Џафери.

            Четиримесечните разговори меѓу власта и опозицијата околу новиот Закон за обвинителство не дадоа резултати. За текстот што го поднесува Владата, сите опозициски партии имаат забелешки: ВМРО ДПМНЕ не прифаќа обвинителката Вилма Русковска да раководи со новото Обвинителство за организиран криминал и висока корупција, во кое треба да се преточи и СЈО, Алијансата бара раководител-странец, Беса уставни измени, а целата опозиција бара предвремени избори. Овој закон не може да се донесе без широка поддршка бидејќи е неопходно двотретинско мнозинство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.