ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

По четири часа заврши состанокот Русија-НАТО во Брисел (ВИДЕО)

Преговорите за безбедноста на високо ниво меѓу НАТО и Русија за решавање на кризата на источната граница на Украина завршија во седиштето на НАТО во Брисел при ниски очекувања за напредок. Средбата траеше четири часа.

Состанокот меѓу претставниците на 30 држави членки на воениот пакт и претставниците на Москва се одржа во Брисел во рамки на Советот НАТО-Русија. Оваа група за првпат се сретна по повеќе од две години. Ова е втора рунда од преговорите оваа недела по почетниот состанок кој се одржа во Женева на 10 јануари.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг напиша на Твитер дека ова е „правовремена прилика за дијалог во критичен момент за европската безбедност. Кога тензиите се високи, уште поважно е да седнеме на иста маса и да се позанимаваме со нашите загрижености“.

Столтенберг и шефвите на руската делегација, заменик министерот за надворешни работи Александар Грушко и заменик министерот за одбрана Александар Фомин, позираа за медиумите пред почетокот на состанокот.

На состанокот во Брисел, како шефица на американскиот тим, учествуваше и заменичката на државниот секретар Венди Шерман, главниот американски преговарач од Женева. Грушко состанокот кој траеше околу четири часа го опиша како „момент на вистина“ во односите на Русија и НАТО.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков повтори дека Русија и понатаму е загрижена поради можноста за ширење на западна воена алијанса.

„Нормално, Русија е загрижена за какво било проширување на НАТО. НАТО не е инструмент на развој, тој е инструмент на конфронтација“, кажа Песков во Москва.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.