ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

По четири одложувања: Ќе има ли конечно либерализација на поштенскиот пазар во државата

ЕУ бара целосна либерализација на поштенскиот пазар во земјава.
Досега либерализацијата беше одложувана четирипати а во една од забелешките во Извештајот на ЕК за оваа област се препорачува регулаторното тело да продолжи со јакнење на административнте капацитети, а властите да ја почитуваат неговата независност.

Либерализацијата мора да се случи, е ставот и на директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓореска која што вели дека Македонска пошта се подготвува за претстојниот процес на целосна либерализација.

Аврамовска Ѓореска за МИА кажала дека наскоро ќе се почне со усогласување за измени на Законот за поштенски услуги.

Од  Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје пак велат дека претстојат уште многу активности за целосно либерализирање на поштенскиот пазар.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.