ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

По четиримесечна корона- пауза, Британците се нафрлија на пабовите, испиени 15 милиони кригли пиво за една ноќ (ВИДЕО)

Во желба  да ја прослават „Супер саботата“ – денот кога, по четири месеци изолација, беа отворени голем број објекти – илјадници Британци се насобраа синоќа во пабовите.

Улиците во некои области во Лондон и другите градови беа преполни со луѓе кои ги пиеја своите први чаши пиво уште од март, консумирајќи големи количини, така што, според „Дејли меил“, станало јасно дека луѓето кои се пијани не сакаат или не се во состојба да ги почитуваат мерките за дистанца.

Според претседателот на полициското здружение, покрај пијаните, имало и такви кои се соблекле голи и предизвикувале тепачки, а биле запишани и напади врз припадниците полицијата, додека во округот Нотингемшир и Лејкершир, некои пабови биле затворени порано поради немири.

Сепак, сè помина претежно мирно и славеничкото расположение траело до доцна во ноќта, а се проценува дека се испиле до 15 милиони чаши пиво, и покрај повисоките цени на алкохолните пијалоци, чија цел била да им помогнат на сопствениците на баровите да го надоместат изгубениот профит во периодот на изолација.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.