ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

По фијаското во ЕУ, оставката не е опција за Заев

Премиерот најавува предвремени избори , ама не нуди оставка. Граѓаните се разочарани, но вината не била кај него туку кај оние кои не го исполниле ветувањето. Во предизборието на историскиот пораз, пред одлуката на Макрон, наместо одлучност, се закани дека Владата ќе била мртва ако не добиеме датум за преговори.

-Ако лидерите на ЕУ во четврток или петок донесат негативна одлука за почеток на преговори, или ако повторно одлучат да ја одложат одлуката, нашата Влада ќе биде мртва, не затоа што ќе бидеме пречувствителни, одлуката не зависи од нас, но мнозинството од парламентот ќе го изгубиме.
Во обид да ја тргне вината за неуспехот, Заев и преку странските медиуми се заканува дека ако „најсветлиот пример на Балканот“ не се придружи на Унијата, Владата ќе падне а и мнозинството ќе биде изгубено.

И во интервју за белгиски „Ле Соар“ уште во јуни најави враќање на мандатот, но тоа не се случи.

– Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат. – вели Заев во интервјуто за „Ле Соар“.

Контрадикторноста е во тоа што Заев предупредува за распад на Владата, а политичка одговорност за тоа нема. По фијаското со ЕУ, оставката не е опција за Заев, ама реалната ситуација со интеграциите го примораа да ја прифати фрлената ракавица на опозицијата, која постојано го предизвикува на народно соочување.

Но не само ВМРО-ДПМНЕ, предвремени избори бараат и од движењето БЕСА, но и од Алијансата на Албанците.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.