ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

По ратфикацијата на протоколот во Грција – започнува менувањето на таблите со новото име

Република Северна Македонија и двојазичноста за неколку дена и официјално влегуваат во пракса.Преспанскиот договор и законот за употреба на јазиците ќе започнат да се имплементираат истовремено, седум дена откако во грчкиот парламент ќе се ратификува протоколот за НАТО. Колку ќе чини целиот процес, Владата се уште не знае. Тоа што е познато е дека промената на лични документи ќе биде на трошок на граѓаните, како и досега.

Во однос на пасошите, тие конкретно остануваат на сила во рокот предвиден од пет години по отворање на поглавјата, што значи дека прво ќе ја информираме меѓународната заедница, по што како ќе се отвораат поглавјата за преговори за членство во ЕУ, имаме рок од пет години во кои што севкупната промена ќе треба да се случи вклучувајќи ги и пасошите. Инаку замената на пасошите ќе оди во редовна постапка како и досега.„ – изјави Миле Бошњаковски – портпарол на Влада.

Ќе има промена на имињата на министерствата, државните органи и на институциите, како и на јавните претпријатија, но и акционерските друштва.Таблите на граничните премини во општините каде што живеат 20 проценти Албанци освен со новото уставно име – ќе станат и двојазични. Ќе се менуваат и таблите на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите. За двојазичните табли и за вградувањето на придавката „Северна“, ќе биде задолжено владино меѓуресорно тело. Од Владата информираат дека Договорот од Преспа ќе биде сто проценти спроведен од македонска страна

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.