ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

По вчерашниот оптимизам, денеска во Италија се зголеми бројот на починати

Бројот на починати од „ковид-19“ во Италија денеска се зголеми за 369, а 236 смртни случаи имало еден ден порано, односно 1444 нови инфекции, нешто повеќе од вчера, објави италијанската здравствена служба.

Вчера е забележан најмал број на новозаразени во последните два месеци – 1075, што е намалување за 146 од понеделникот. Починале 236 лица, додека имало 195 смртни случаи претходниот ден.

Вкупно 29.684 лица починале во Италија од избувнувањето на епидемијата на 21 февруари.

Коронавирусната инфекција била потврдена кај 214.457 лица.

Бројот на починати од коронавирус во Италија веројатно ќе биде многу поголем отколку што покажуваат официјалните бројки, се вели во анализата на италијанската канцеларија за статистика iStat објавена во понеделникот.

Бројот на активни случаи се намалил за 91.528.

Додека во понеделникот имало 1.479 лица на интензивна нега, вчера нивниот број паднал на 1427, а денес тој број е уште помал – 1333.

Бројот на излекувани лица исто така се зголеми на 93.245.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.