ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Почнува расправата за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент

Денеска во 10 часот на пленарна седница, во грчкиот Парламент ќе почне расправата за ратификација на Договорот од Преспа.

Гласањето ќе се случи утре вечер. Премиерот Алексис Ципрас ќе се обиде да обезбеди потребно мнозиство од 151 пратеник, за да го изгласа Договорот од Преспа, откако претходно беше ратификуван во македонското Собрание со прифаќање и изгласување на уставните измени.

Низ Атина како и низ другите градови во текот на денешниот и утрешниот ден се најавени нови протести против Договорот од Преспа.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.