ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Почна собраниската седница за буџет за 2020 година – расправата ќе трае 5 дена

Неразвоен, нереален , популистички и предизборен. Вака опозицијата  на денешната расправа  го оцени буџетот за следната година.  Обвинуваат дека  со ваков буџет на долг рок државата само ќе трупа долгови , а  нема да има развој.  Очекуваат следната година  јавниот долг од сегашните 5,4 да порасне на 5, 7 милијади евра.

Од владата пак тврдат буџетото  е развоен и раелен. Министерката Ангеловска посочи  дека со него главно ќе се инвестира во човечки капитал со образложение дека  само мотивирани работници можат да дадат резултати и да помогнат  за поголем економски раст и развој. Поради тоа во државната каса за следната година за подобрување на состојбите во здравството, образованието и за социјалната заштита предвидени се 2, 5 милијарди евра.

Сепак опозицијата смета дека само со зголемување на платите не се инвестира во човечки капитал, неопходно е да се создадат услови за работа.

Буџетот за следната година тежи 3,9 милијарди евра. Приходите се проектирани на 3, 6 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е предвидено да се намали од 2,5 на 2,3 проценти.  За капитални инвестиции планирани се околу 370 милиони евра.  Екононскиот раст за  догодина е проектиуран на 3, 8 отсто. Главно ќе  се потпира на јавната потрошувачка и развојот на приватниот сектор.

Пратенциите треба да го изгласаат  буџетото за најмногу 5 работни дена.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.