ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Почна првата јавна дебата за Уставните измени

Во Владата почна првата дебата  во рамки на јавната расправа за уставните измени, согласно со договорот од Преспа. Своите ставови во врска со четирите нацрт-амандмани на Уставот, покрај премиерот Зоран Заев, ќе ги изнесат и универзитетските професори Владо Поповски и Љубомир Фрчковски, едни од творците на македонскиот Устав.Јавната расправа ќе трае пет дена и, согласно со извештајот од неа, Владата, како предлагач на уставните измени, треба да ги подготви предлог-амандманите и да ги достави во парламентот. За нивно донесување е потребно двотретинско мнозинство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.