Почнаа предизборните математики
Ќе биде ли клучен Преспанскиот договор за изборните коалиции меѓу партиите, но и формирањето на новата Влада откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара 81 пратеник за да може да почне постапка за негово укинување, а пак владејачката ДУИ и вчера на конгрес го повтори својот став дека нема коалицирање со партиите кои нема да го почитуваат Преспанскиот и Рамковниот договор.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак денеска велат – оставаат отворена врата за коалиција со партиите од албанскиот блок, но првин ќе ги сочекаат резултатите од изборите. Пратеникот од ДУИ Артан Груби пак и денеска го повтори ставот на партијата дека нема Влада без коалиција со албанските партии и оптимист е дека ДУИ ќе биде дел од новата Влада.
На слична линија и владејачката СДСМ со ДУИ, велат токму овие договори се донесени во време на владеење на социјалдемократите и мора да се почитуваат, но остануваат разликите околу измените во Изборниот законик.
Од албанскиот опозициски блок пак со обвинувања на сметка на владејачката ДУИ дека нивните функционери ќе мора да се соочат со правниот систем.
Кампањата иако официјално не е почната, политичките лидери на собири и конгреси со граѓаните веќе ги испраќаат клучните пораки. Она што веќе е познато е дека ДУИ ќе настапи сама на изборите додека пак останатите партии велат се уште немаат конкретно изградени ставови околу евентуалните коалиции, освен што се поизвесно е дека БЕСА и Алијансата за Албанците најверојатно ќе ги трчаат изборите повторно коалициски заедно.