ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Потпретседателката на Аргентина за влакно избегна атентат,пиштолот на напаѓачот се заглавил

Потпретседателката на Аргентина Кристина Фернандез Де Киршнер за влакно избегна атентат откако пиштолот на вооружениот напаѓач се заглавил во моментот кога го повлекол чкрапалото.

Снимката го покажува моментот кога Киршнер опкружена со толпа поддржувачи во населбата Реколета во Буенос Аирес се нашла лице в лице со атентаторот, без да биде свесна дека некој и вперил пиштол в глава.

Полицијата соопшти дека напаѓачот, кој локалните медиуми го идентификуваа како 35-годишен Бразилец со нацистичка тетоважа, веднаш бил совладан и приведен. Шефот на држават, Алберто Фернандез згрозен од настанот го оцени како исклучително сериозен.

Инцидентот се случил кога поранешната претседателка се враќала дома од судот, каде што се соочува со обвинувања за корупција, кои што таа ги негира. Изминатите денови пред нејзината куќа се собираат стотици демонстранти за да и дадат поддршка на поранешната претседателка, во екот на судењето за корупција. Мажот беше во толпата луѓе кои чекале да ја поздрават и од неа да побараат автограм за нејзината автобиографска книга.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.