Потпишан меморандум за разбирање за Коридорот 8 – Груби: Од Ќафасан до Блаце ќе се вози по модерен автопат

Денеска во Владата, беше потпишан меморандум за разбирање за изградба на коридорот 8 и коридорот 10Д.
Првиот заменик премиер Артан Груби рече дека со изградба на овие коридори, ќе донесат многу бенефит на земјата, која ќе биде „мост“ за транспорт меѓу балканските земји.
„Дозволете да споделам одлична вест. Денеска го потпишавме меморандумот за разбирање за изградба на коридорот 8 и коридорот 10 Д. Тој преставува добра можност за Северна Македонија, ќе се овозможи на земјата да добие геополитичка тежина како мост низ балканските земји. Овој коридор ќе поминува низ Тетово, Гостивар, Кичево преку Требеништа Струга и ќе завршува на Ќафасан.
Важноста на коридорот осум е тесно поврзана од секаков аспект и е од витално значење за Северна Македонија. Нашите граѓани од Ќафасан до Блаце ќе ги управуваат своите возила по еден модерен автопат.
Благодарност до амбасада на САД во Скопје за целата поддршка“, рече Груби.