ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Потврдена новата американска амбасадорка во земајава

Новоназначената амбасадорка на Соединетите држави Кејти Мери Брнс може да ја почне својата дипломатска мисија во Скопје. Таа синоќа го помина и последниот филтер од именувањето на амабасадор – ја доби поддршката од американскиот Сенат. Брнс доаѓа на местото на Џес Бејли, кој замина од функцијата уште во февруари. Беше именувана од претседателот Доналд Трамп пред повеќе од една година.

Довербата од Сенатот ја доби откако пред месец ипол беше сослушна од Комитетот за надворешна политика. Во нејзините приоритети како идна амбасадорка во Македонија ги нагласи стабилноста , безбедноста и унапредување на човековите права .Според неа тоа може да се обезбеди само со градење  силни и независни институции. Таа се залага за цврсто партнерство со  Македонија, што ке се потврди и со членството во НАТО.

Брнс е дипломат од кариера веќе 26 години, а како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно таа беше постојан претставник на Мисијата на САД на ОБСЕ во Виена.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.