ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ПОСЛЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ, МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Жителите на Кочани синоќа дишеа отров. На моменти мерната станица покажуваше и до 400 пм честички во воздухот. Ваквата состојба на терен ги однесе инспекторите, полицијата и граѓанските активисти. На лице место фатиле неколкумина граѓани кои палат гуми, а се прави и нова дива депонија.

Освен во Кочани, алармот е вклучен и во Тетово, Куманово, Кичево, Кавадарци, Гевгелија, Струмица. Метрополата пак е во врвот на најзагадени градови во светот. Додека сегашната и поранешната градска власт во Скопје се расправаат граѓаните се гушат. Очекувањата се дека загадувањето на воздухот уште повеќе ќе оди во црвено.

„Сигурен проблем во справувањето со загадениот воздух оваа зима ќе биде и економската криза која директно удира по граѓаните. По најавите за драстично зголемување на цената на електричната енергија, дел од граѓаните најавуваат дека за огрев  ќе користат дрва, што дополнително негативно ќе се одрази на загадувањето на воздухот“, велат од Град Скопје

Сите истражувања и студии објавени досега покажуваат дека домаќинствата со 90 %, се главниот виновник за високите концетрации на ПМ честички во воздухот. Решение е промена на начинот на греење.  Инаку според една студија на МАНУ објавена пред неколку години потребни се 380 милиони евра за  загадувањето со ПМ честички во Скопје до 2025 години да се намали за половина, пари што за сет мерки треба да ги дадат граѓаните, државата и општините.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.